Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи за време на престојот во Соединетите Американски Држави, оствари средби и со претставници на дијаспората во Њујорк и Њу Џерси.

За време на средбите Османи ја потврди посветеноста на институциите на Македонија за зајакнување на односите со дијаспората, преку систематизација на улогата и потенцијалот што припадниците на дијаспората ја имаат во новите средини во кои живеат.

Изрази благодарност за досегашните активности на дијаспората за зачувување на јазикот и културата, меѓу другото и преку реализација на дополнителна настава на мајчин јазик, при што имаше можност да ги посети училниците каде се изведува наставата.

Османи високо го оцени ангажманот на дијаспората за лобирање и промовирање на интересите на Македонија пред највисоките претставници на американската администрација, политичките и бизнис елити, како и пред разните интересни групи во американското општество.

Дијаспората позитивно придонесува за нашиот имиџ во странство и е важен мост, кој не можеме ниту смееме да не се обидуваме и искористиме. Во услови на потенцирана промена на структурата на миграцискиот контингент и неговите растечки развојни потенцијали. потребата за воспоставување на посилна соработка со дијаспората е од исклучително значење, нагласи Османи на средбите.

Детално се осврна на проектите на Министерството за надворешни работи последните две и пол години, реализирани и како резултат на апелот и интересот на дијаспората. Ги издвои, меѓу другите – дигитализацијата на конзуларните услуги (е-конзулат), поставувањето на базни и мобилни станици со кои за кратко време се обновува патната исправа, финансирањето на проекти за дијаспората, економските поволности за инвестирање во Македонија.

Османи ги информираше соговорниците и за надворешно-политичкиот контекст, регионалната динамика и заокружувањето на стратешките цели на Македонија, каде пристапниот процес за членство во ЕУ е од примарен интерес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.