Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи изјави дека и земјава ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија.
Во гостување на телевизија Алсат, Османи рече дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и зголемување на цените.
Според него, од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, кога не бевме дел од НАТО.
Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија – рече Османи.
ЕУ вчера попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по завчерашната одлука на Москва да ја признае независноста на двата региона во источна Украина, Донецк и Луганск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.