Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев и ја почна посетата на Украина.

Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија, соопшти МНР.

Како што информираат од министерството, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето –  состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!, наведуваат од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.