Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не знаат да менаџираат со општините, работат неодговорно, ги покачуваат цените на општинските услуги, ги партизираат и ги задолжуваат општините, трупаат нови долгови за граѓаните.

Со градоначакникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, аеродромци добиваат долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години.

Муцунски за само една година успеа од најбогата општина, Аеродром да го доведе во долгови и започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница.

Од овој месец, Општина Гевгелија, а претходно и општините Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги со што дополнително удрираат врз стандардот на граѓаните.

Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од нивниот мандат.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување за граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.