Шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека утре ќе се сретне со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Не очекував дека ќе дојде ваква ситуација во бугарската влада. Јас имав и други извори на информации, дека работите не се така лесни. За нас, тие динамики во Бугарија не се важни во смисла на наше вмешување. Јас сум година и пол министер, ако има нов министер, ќе биде четвртиот министер со кого ќе разговарам. Сепак тоа не придонесува во одржување на динамиките, ќе треба се од почеток, вели Османи.

Според него, оставката на Генчовска, е отежнувачка околност, но вели тука не е крајот.

Треба да продолжиме да се обидеме да го искористиме овој период до самитот на ЕУ. Ќе си одлучат они за нов министер. Не можам да предвидам од денеска. Очекувам утре да биде појасно кои ќе бидат наредните чекори, додаде Османи.

Во однос на денешната изјава на Кирил Петков дека ветото ќе се тргне кога ЕУ ќе ги гарантира трите услови што ги бараат, министерот вели дека не сака да одмогне во овие последни денови.

Денешните и вчерашните ставови не би ги земал како референтни бугарски ставови, оти тоа е претешка политика таму, рече Османи во емисијата „Само интервју“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.