Оливер Спасовски, СДС и ДУИ се сериозна опасност за функционирањето на МВР и за безбедноста на граѓаните пред растечкиот криминал, насилството и самоволието. Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде:
-Ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага. Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи.
Вчера медиумите објавија за случувањето пред два дена, а МВР се уште молчи. Повторувам, само затоа што било сопрено лице со возило без валидни документи, вооружена група блиска до власта, еден полицаец и еден познат на полицијата, влегуваат во полициско одделение и полицајците морале, добиле наредба од претпоставен да се повлечат од Арачиново до Гази Баба!
Почитувани криминалот и бандитизмот земаа се поголем замав токму заради самоволието и инволвираноста на Спасовски, СДС и ДУИ во нивното покривање на штета на полицијата, но и на општата безбедност и јавен ред и мир.
Бандитизмот и дрскоста заради неказнивоста одат до таму што човекот којшто според медиумот ја предводел вооружената група во полициското одделение во Арачиново, директно упатува закани до редакцијата којашто ја објави веста.
Почитувани, ако некој се чувствува моќен за неказнето вооружен да влетува во полициски објект и да брка и да се заканува врз полициски службеници коишто се повлекуваат, кој може да ја гарантира безбедноста на медиумите или на граѓаните после ова било каде?
Тој упати повик до професионалците во МВР да се стави во заштита на јавниот ред и мир и да стави крај на политичките злоупотреби во полицијата.
„Оттука, ги повикуваме професионалците во МВР да преземат мерки во насока на заштита на јавниот ред и мир, во насока на заштита на медиумите, но и за ставање крај на политичките злоупотреби на полицијата, вистински да застанат во функција на обезбедување на јавен ред и мир и справување со енормно нараснатиот криминал и да го расчистат случајот.
Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија.
Оливер Спасовски е најголемата закана по функционирањето на МВР и справувањето со криминалот, насилството и корупцијата.
Оттука, ги повикувам и новинарските и медиумските здруженнија да се охрабрат и да реагираат во заштита на новинарите и медиумите коишто ја пренесоа информацијата за Арачиново. Во моментов ништо не е поважно од ставање крај на бандитизмот, а додека Оливер Спасовски е на чело на МВР тоа е невозможно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.