Основното јавно обвинителство (ОЈО) го повика лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, доколку поседува докази кои се поврзани со неговата изјава дека во некои училишта кои ги раководат кадри на ДУИ се копаат криптовалути, да ги достави до нив.
Секој што поседува докази за сторено кривично дело, тоа треба да го пријави до надлежните органи. Јавното обвинителство, согласно своите законски надлежности, ги следи сите информации и ќе поведе постапка доколку се обезбедат докази кои упатуваат на сторено кривично дело, велат од ОЈО за „Плусинфо“.
ОЈО не одговори зошто не се започнува постапка по допрен глас, иако со самата изјава на Села, како и со новинарските прашања и написи, може да се отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител може да даде повеќе наредби за прибирање на потребната документација, а по кои наредби ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.