Свесни за поразот што ќе го доживеат на парламентарните избори, кога и да се одржат, СДСМ и ДУИ преку ангажираното судство извршија директен атак врз најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Партизираното судство го конфискува имотот на ВМРО-ДПМНЕ иако партијта не беше странка во судскиот случај „Талир 2“.
Одземањето на имотот на најголемата опозициска партија е правен преседан бидејќи партијата не е странка во постапката а одземањето на имотот е незаконски. Оваа беше и причината зошто адвокатите на одбраната не дадоа завршни зборови.
Ружица Николовска како полномошник на партијата исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во случајот се јавува како заинтересирана страна, а не како странка во постапката. И таа како и нејзиниот колега Наков се повика на членот 395 од Законот за кривична постапка потенцирајќи дека право на завршен збор имаат странките (овластен тужител, оштетен, бранител и обвинет), а ВМРО-ДПМНЕ не е ниту едно од тие.
Таа исто така го спомена и барањето на обвинителството за одземање на имотот посочувајќи дека во таков случај требало да биде испитан претставник на ВМРО-ДПМНЕ уште пред да се почне со завршните зборови.
И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја потврдува тезата дека „Талир 2“ е случај подготвен во кујната на СДСМ уште во 2017 година.
Некаде 2017 година кога СДСМ ја презеде власта во тесен круг на владејачката структура тогашна се создаде мастер план за затворање на ВМРО-ДПМНЕ, чијашто крајна цел беше забрана за политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и на врвните фигури во партијата, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.
Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави ВМРО не е имотот туку народот и дека оваа одлука на судството на СДСМи ДУИ нема да ги поколеба.
Денеска ја добивме првостепената пресуда. Ова партизирано октроирано судство и обвинителство решило да го суди ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, тоа не го суди ВМРО-ДПМНЕ туку го суди македонскиот народ, ја суди Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.