На 24 и 25 февруари во Софија се одржа 17-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе за постигнување на одреден напредок во работата на Заедничката комисија.

Во рамките на Заедничката седница на Владите на Бугарија и Македонија, кое се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај. Членовите на Комисијата ја потврдија посветеноста за одржување на активен дијалог.

Се планира следната средба на Комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.