Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок“, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во кафеана“, велат денеска во рекација од Комората.

Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис-заедницата, обединета во СКСМ, велат од Комората.

Станува збор за реакција на текст од промоцијата на книга во СКМ, на која Азески преку пуштање тонска снимка, се обиде накусо да објасни како изгледа една средба со владини претставници на која бизнисот сака да ги каже приоритетите и проблемите.

Што точно кажа Азески може да слушнете во видеото од 52 минута:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.