Од септември, кога почнува новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки коии се однесуваат на безбедноста во училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој присустуваше на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Очекувам од септември да имаме повеќе протоколи, повеќе прирачници, ќе ја разгледаме воспитната програма, работата на центрите за социјална работа, изјави министерот за образование и наука.
Шаќири кажа дека Министертвото за образование и наука (МОН) ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат кои се ризиците од употребата на мрежата „Тик-ток“ за учениците за да се заклучи дали треба да се ограничи нејзиното користење. За безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители.
Денеска ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Шаќири.
Како што рече, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР. Ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација.
Шаќири вели дека сите институции треба да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, секторите за образование по општини.
Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот – психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата – основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи, рече Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.