Основното јавно обвинителство Битола издало наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки и дека се уште не е утврдена причината за смртта на шестгодишната Јана во битолската болница.

Вчера девојче на шестгодишна возраст, кое живее во битолското село Кравари, почина за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница – Битола. Како што информираа од Болницата, направена е обдукција на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет дена.

Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски рече дека е разговорано и со министерот за здравство, а отпочнат и вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола.

Директорот на битолската болница веќе е на пат за Скопје каде што ќе има состанок и со министерот и со заменик министерот за здравство, а дополнително информирано е и Јавното обвинителство во однос на овој случај, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.

Министерот за здравство Фатимр Меџити посочи дека постапиле веднаш уште вчера кога ги добиле првите информации за случката во Битола.

Го чекаме исходот од надлежните служби, од ДЗСИ и инспекторите и веднаш уште во текот на денот ќе бидете известени. Се уште не сме стапиле во контакт со семејството на девојчето. Прво чекаме да видиме што е грешката, истакна Меџити.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.