Премиерот Димитар Ковачевски ја повика Бугарија да ги испочитува пресудите на Европскиот суд за човекови права, во кои е утврдено дека се повредени правата на Македонците во нивната земја. Тој посочи дека бугарските власти треба да ги почитуваат правата кои ги имаат граѓаните Македонци, а живеат на нивна територија.

Ние апсолутно секогаш сме реагирале во однос на сите граѓани кои во било која друга држава се самоопределуваат како Македонци. Македонци има насекаде во светот. Вие знаете дека постојат и пресуди на Судот на човекови права кои Бугарија ги нема спроведено. Ги повикувам бугарските власти и тие да постапат, бидејќи станува збор за земја членка на ЕУ. И тие граѓани кои се граѓани на Бугарија и се самоопределуваат како Македонци се граѓани на ЕУ. Уште еден повик да бидат почитувани сите права, исто како што се почитуваат кај нас на сите кои се самоопределуваат различно од Македонците – рече Ковачевски.

Во извештајот на Стејт департментот се посочува дека Бугарија ја негира регистрацијата на етничко-македонските активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Обединета македонска организација-Илинден Благоевград и Друштвото на угнетените Македонци-жртви на комунистичкиот терор. Се додава дека и ова се прави иако Европскиот суд веќе констатирал дека нив им се крати слободата на здружување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.