Здруженијата на Бугарите во Македонија имаат нови барања за нивно вклучување во Уставот. Тие до претседателот Стево Пендаровски испратиле писмо кое го објави „Експрес.мк“ во кое му напоменуваат дека во никој случај нема да прифатат само да бидат наброени како останатите, а  уште помалку ќе се согласат за нив да се користи терминот  „малцинство“.

Тие сметаат дека се контититивен народ и затоа за нив единствен прифатлив термин е зборот „Македонски Бугари“. Безобразлукот оди дотаму што уште бараат да бидат споменати по азбучен ред веднаш после Македонците.

За овој израз Бугрите имаат поддршка од власите во Софија без разлика која партија ќе формира Влада, и секако од претседетелот Радев.

Доколку Пендаровски и Владата на ДУИ ова го прифати, бидејќи премиерот Ковачевски и онака за ништо не се прашува ќе биде најголем удар по македонскиот идентитет бидејќи практично ќе се изедначат Македонците и Бугарите и бугарската заедница ќе се смета за создавач на државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.