Претставници на македонските Бугари оваа недела ќе остварат средба со Комесарот за проширување и добрососедство на Европската унија,  Оливер Вархеји, јавува БГНЕС. На средбата еврокомесарот одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија како и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола. Тие во своето најавно писмо до еврокомесарот се жалат на притисоци врз бугарската заедница во Република Македонија како и немање дијалог со локалната и централната власт. Најавена тема на средбата, според бугарските медиуми, пишуваат институционална омраза и системска дискриминација кон бугарската заедница во државава.

Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.

Најавата за оваа средба доаѓа по инцидентот со охриѓанецот и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Пред неколку дена бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со Вархеји му порачал дека Европската унија мора да ги гарантира правата и безбедноста на Бугарите во Македонија со истата енергија, според Радев, со која се инсистирало на забрзување на македонските евроинтеграции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.