Претседателот на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, Петар Колев преку статус на неговиот Фејсбук профил повика Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија.

Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?, пишува Колев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.