Во училиштата ќе има безбедносни мерки со почетокот на новата школска година која почнува утре, на први септември, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Мерките се во координација со министерството за внатрешни работи, рече Шаќири.

Утре ќе стартува новата учебна година, истата ќе трае до 17 јуни и учениците за првпат ќе имаат пролетен распуст. Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а о меѓувреме на располагање се помошни учебници, рече Шаќири.

Во средното образование во една година се одобрени 150 учебници и тие како што ќе се печатат, ќе се доставуваат до училиштата“, информира Шаќири.

Летово биле реконструирани 56 училишни објекти и вложени се 4,5 милиони евра.

На сите ученици им посакувам успешна година, а на наставниците им посакувам успешна работа со помалку предизвици – рече Шаќири.

Лани, поголемиот дел од првото и дел од второто полугодие прво средните, а потоа и основните училишта добиваа закани за поставени бомби во училниците. Учениците загубија дел од наставата која подоцна не беше никако надополнета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.