Новата американска амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер денеска при извршување на своите работни обврски во Штип, реши со тимот да руча традиционално и добро познато македонско јадење – штипска пастрмајлија.

На официјалниот фејсбук профил на американската амбасада во земјата, откриваат дека ова всушност било едно од нејзините омилени јадења.

Амбасадорката Агелер уживаше во едно од нејзините омилени македонски јадења, пастрмајлијата во Штип. Таа денеска патува во земјата за да се запознае со младите и талентирани лидери и вработените во „Американ корнер, се наведува во објавата на амбасадата на САД во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.