Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на политичките партии, јавниот обвинител и судовите, смета Софија Куновска.

Во коемтнарот на случајот на Рамиз Мерко, Куновска ја потсетува и ДКСК дека и во нејзината фиока лежат предмети.

 
Дури и најнадежната институција ДКСК има предмети што подолго се во фиока.
Тоа е спрегата што не турка во жив песок.
Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент туку редовна појава.
Заради тоа денес граѓаните, пред чии очи се разграбува државата последниве две децении, со огромна скепса гледаат на т.н. црна листа која „ги поместува“ работите на симболично ниво, пишува Куновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.