Директорот на затворот самиот објави фотографии на социјалните мрежи со наслов „И оваа година во затворот во Тетово е отворена летната сезона“.

Ова е втора година како затворениците уживаат во водени лудории во монтажниот базен во затворот, а според објавите на директорот веќе е отворена и оваа летна сезона и базенот повторно се користи.=

Објавено е и видео, на кое се гледа како затворениците пливаат, скокаат во базенот, се сончаат. Сепак директорот на затворот Ќефаил Хавзију во објавата вели дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку да ги утешат членовите на семејствата.

Директорот на тетовскиот затвор Ќефаил Хавзију вели дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку да ги утешат членовите на семејствата.

Овие објави не ги правиме за рекламирање и за да намамиме некого дека вака е добро во затвор, далеку од тоа, туку за да ги утешиме членовите на семејството дека секторот за ресоцијализација работи секојдневно со нивните роднини, со едукативни методи кои по напуштање на затворот ќе бидат подготвени и ресоцијализирани да продолжат со нормалниот живот со своите семејства. Кога ќе ја напуштат оваа институција, организираат часови за разни кривични дела, приредуваат и спортски игри и натпревари. Потсетуваме и на мислењето дека осудените не само што се казнуваат туку и имаат и законски права, каде што воспитувачите работат со нив прво за да се прилагодат од почетокот на правилата на куќниот ред како и да се ресоцијализираат и да се подготват по завршувањето на казната за да се покајат за направените грешки за да не бидат повеќе повторувачи на делата и да го продолжат нормалниот живот со своите семејства, бидејќи во животот секој може да згреши, напиша Хавзију.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.