Јас сум правник и секогаш разговарам со аргументи и правнички, а не со паушални изјави, му порача Ружица Николовска на потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Николовска на обвинувањата на Богоев дека од одлуката за Талир2 судот докажал дека партијата е криминална, му одговори дека тој не може да прејудицира судски одлуки, како и дека нејзиниот став е дека нема покриминална партија од СДСМ.
Јас ве разбирам вие сега дадовте пример како сега да сме застанати на пазар, а јас зборувам од аспект на право и закон. Стефан Богоев го слушам прејудицира одлука на Судот и он кажува дека било докажано. Но, не знам можеби они нешто докажуваат. Јас да сум на ваше место не би кажувала така криминална партија, бидејќи мојот став е дека по криминална партија од СДСМ до сега немам сретнато, му рече Николовска на Богоев.
На прашањето што ќе биде доколку ВМРО-ДПМНЕ остане без партиско седиште, Николовска истакна дека ниту имотот, ниту пак зградата е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, каузата и идејата.
Ниту најмалку не значи дека тој имот, или таа зграда е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е нешто многу повеќе. ВМРО-ДПМНЕ е народ, кауза, идеја. Прво не сакам да размислувам на такво сценарио, меѓутоа ќе кажам дека не значи дека ако го нема недвижниот имот, дека ќе го нема ВМРО-ДПМНЕ, вели Николовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.