Ружица Николовска од ИК на ВМРО-ДПМНЕ и адвокатка за случајот „Талир 2“ во емисијата 24 анализа рече дека судењето изгледаше како да се суди на партијата, а не како да е заинтересирана страна.

Ја слушавте пресудата и делото е конфискација на имотот на партијата како недвижен имот. Самиот процес го доживеав како политички инсконструиран. За мене е неразумна одлуката да се конфискува имотот. Неспорно е согласно Законот за кривична постапка да се конфискува имот стекнат со кривично дело, но тука тоа  не се докажа, ниту обвинителството го докажа, а судот утврди. Тоа е политички атак кон партијата, рече Николовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.