Прво, да честитам на градоначалникот, на претседателот на Совет, на пратениците, на советниците, затоа што во Прилеп навистина се реализираат бројни проекти. И ми е драго што еве после две години се случува една инфраструктурна трансформација на градот. Она што можам да го ветам за следниот период, е дека веднаш после парламентарните избори планираме да направиме ребаланс на Буџет со цел ветувањето коешто го дадовме, а тоа е некаде 250.000.000 евра од капиталните расходи да се спуштат во општините и да бидат дел од пакетот за децентрализација и да се случи уште оваа година, што значи дека Прилеп може да очекува уште оваа година некаде во втората половина на годината да има дополнителни околу 4.000.000 евра кои што би биле за инфраструктурни проекти кои што ќе ги понуди Општината, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна потпретседателот Александар Николоски.

Што значи на сето она што го имаме досега како реализација и што ќе секако се реализира во следниов период дополнителни средства би дошле од Буџетот уште оваа година во вредност од 4.000.000 евра што значи дека во еден четиригодишен инвестициски циклус тоа би требало да е најмалце 16-тина милиони евра, а со овие проекти може да оди и до 20.000.000 евра, со што конечно би сакале да ги затвориме основните инфраструктурни проблеми на граѓаните. Пред се тука мислам во делот на патна инфраструктура, водоводни и канализациони системи, исто така во делот на претшколска возраст односно градинки, изградба или обновување, и во делот на образование, односно во делот на училишта и спортски сали. како би можеле после четири години да зборуваме за далеку покрупни проекти. Нашата идеја е со овој процес на децентрализација да се спуштата средствата помеѓу граѓаните. Градоначалникот спомена, еве денеска ќе направиме увид на неколку проекти кои што се работат, тоа е кружниот тек кој што е еве тука пред нас, тоа е секако почеток на изградба на спортска сала. Скоро сме во финале на реконструкција и рехабилитација на 60 улици во Прилеп, што е невидено во историјата на градот во еден во еден вака кус временски период да се направи“, вели Николоски.

Тој додава дека исто така е при крај еден голем проект во селото Канатларци, кој што треба да реши децениски проблем за сите жители таму, кој што очекувам за две до три недели, исто така да е готов.

„Имаме бројни други проекти кои што следуваат во следниот период. Она што исто така, сакам да го споменам оттука и да го потврдам е дека е при крај изработката на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори. Еден од приоритетите ќе биде подобро надворешно инфраструктурно поврзување на Прилеп, тука пред се мислам на конечна изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп. Гледате дека откако се промени власта, овие седум години камен немаат ставено и скоро и ништо да не се случува таму, освен што се блокира сообраќајот по постојниот пат кој што се користи. Така што, во план ни е во максимално брз рок тоа да се заврши. Исто така, едно автопатско решение од Прилеп кон Битола, а она што можам да го најавам за највозрасната категорија на граѓани, во делот на пензиите е дека уште во првата година од мандат на ВМРО-ДПМНЕ планираме линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари. Што значи дека, на пример, оние кои што земаат најниска пензија од 12 илјади денари, веќе ќе земаат 17 илјади денари и така прогресивно да продолжиме во следниот период. Во следната недела очекувам да ја имаме комплетно програмата, да ја презентираме. Ќе има доста работи кои што ќе ја опфатат целокупната популација, но ќе има и доста интересни работи за Пелагонискиот регион и јас како носител во четворката ќе бидам почесто со вас, така што ќе можеме ги да коментираме“, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.