Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, оствари посета на општина Штип и институциите во рамки на општината, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Андоновски се сретна и со директори на основни и средни училишта, градинки и јавни институции.

Андоновски на средбите разговараше за дигитализацијата и потешкотиите на институциите кои ги имаат со централната власт, бидејќи како што вели Андоновски, немаат слух за истите.

“Со месеци се заглавени систематизацијата и годишните планови за вработување и согласности во МИОА и МОН. Ова било пракса се до моето доаѓање, но ќе го промениме тоа. Целта ни е се да дигитализираме и да се користат овие услуги кои денес ги зборуваме.” посочи Андоновски.

“Со зголемување на динамиката на процесите внатре во институциите, ќе ги надминеме потешкотиите со кои што се соочуваат. Општина Штип работи на дигитализацијата со два портали на услуги, што е за пофалба, и јавно ги повикувам и другите општини да го следат овој пример”, порача Андоновски.

Андоновски најави дека продолжуваат посетите на терен и во другите градови идната недела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.