Власта бега од предвремени избори и не знае како да бега од истите, па измислува теми. Малите партии се изманипулирани и тоа веќе го сваќаат. Денес излезе и Павле Трајанов и рече дека СДСМ во Собрание блокира носење на една изборна единица. А Павле Транајов и помалите партиии влегоа во владата затоа што им беше ветено дека ќе добијат една изборна единица и ние сакавме да ги извадиме на виделина дека не им е до една изборна едницица, туку до голо останување на власт, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во емисија на телевизија Шења, тој посочи дека поради изговорите на власта дека Македонија нема време за губење за 100 дена пржинска влада за организирање избори, тие предлагаат негово укинување со цел кратење на периодот за пола.

Николоски додава дека ако СДСМ се согласеше да одиме на предвремени парламентарни избори веднаш после локалните, до сега и изборите ќе беа организирани и ќе имавме веќе формирано влада со полн политички легитимитет.

„Нивните изговори беа дека, Македонија нема време за избори затоа што 100 дена се потребни за така наречена, Пржинска влада и дека изборниот законик не е променет. Во однеос на тој аргумент дека се потребни 100 дена ние, од опозиција, се откажуваме доброволно од механизмите на техничката Влада, што значи не сакаме да име министер за внатрешни работи и за труд и социјала во рок на тие сто дена пред избори. Еве нека си бите Оливер Спасовски министер за внатрешни и тој нека ги организира изборите и рокот тогаш од 100 дена се сведува на уставните 45 до 50, што значи го кратиме за пола. Доколку се распише изборите веднаш после локалните како што баравме, во декември ќе беа организирани и до сега ќе имавме влада со полн политички легитимитет. И сега гледаме дека бегаат до таа работа иако Зоран Заев самиот бараше да се укине пржинската влада“, рече Николоски.

Во однос на другиот сет на прашања, додава тој, нашиот став како политичка партија е дека за Македонија, овој модел кој што е сега, е релативно пристоен.

„Шест изборни едини, има и регионалана преставеност, има баланс, горе долу го отсликува етничкиот баланс во државата. Доколку се менува моделот, ние секогаш сме кажувале дека сме за мнозински модел но никој не го прифаќа, имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ има јака теренска структура. И покрај тоа ние сме спремни да разговараме за една изборна единица која се предлага од другите партии, но во исто време да го намалиме бројот на пратеници од 120 на 90. Кога веќе одиме на една изборна едини, кога веќе е јасно дека нема да има регионална преставеност, зошто да трошиме пари за 120 пратеници, дај да ги намалиме на 90 калку што се во Словенија, која што е нешто помала по територија и скоро иста по население со Македонија. И гледаме бегаат и од тоа, што покажува дека намерите не им се чесни, односно намерите им се исклучиво поврзани со голо останување на власт“, истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.