Пратениците денеска имаа маички со Гоце Делчев и беше еден убав начин да се одбележи 150 годишнината од раѓањето на апостолото на македонското револуционерно дело или како што пред 80 години го нарекуваат во еден весник во Софија – војводата Герџиков вели Гоце Делчев е за македонскиот народ она што Васил Левски е на пример за бугарскиот народ. И такви фигури има во светот и секоја држава има таква една апостолска фигура, една врз која се почива. И јас тоа со на пример можам да кажам како што е Џорџ Вашингтон за американската, Гоце Делчев е за македонската борба,истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на телевизија 24.

Андоновски додаде дека сите политички чинители во Македонија треба да се сплотат околу името на апостолот на македонското револуционерно дело затоа што треба да му се положи чест, углед и достоинство. Затоа што државата се потпира на тоа.

– Таа држава што сме ја изградиле се потпира на револуционерното дело на Гоце Делчев, појасни Андоновски.

Амдоновски посочи дека на првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ уште во 90-тите години сликата позади првите конгресмени, основачите на ВМРО-ДПМНЕ е и Гоце Делчев меѓу другите.

– Додека нашите дедовци беа гонети од тие авторитарни комунистички режими, СДСМ произлезе од токму од таа партија. И сега 32 години подоцна СДСМ да вели дека се големи поддржувачи на Ѓорче Петров или друг револуцинер за мене е небулозно. Зошто? Затоа што кога се основаше СДСМ се колнеа во СССР и во Југославија, а не во Ѓорче Петров и Гоце Делчев, нагласи Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.