Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето обраќање на летниот камп „Балвањос“ во Трансилванија, Романија.

Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме Уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик. Што би направила нормална личност на ова? Би кажала НЕ благодарам. Што се случуваше? Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите се што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори. За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во овој моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување, објасни Николоски пред учесниците на летниот камп.

Николоски во Трансилванија, на покана на Фондација за малцинства „Pro Minoritate“, имаше свое на најголемиот летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој се одржува оваа година по 31ви пат традиционално, по пауза од две години поради корона пандемијата. На овој камп учествуваат голем број видни политичари од целиот свет, сериозни тинк тенк организации, новинари, професори на реномирани меѓународни универзитети и активисти во сите полиња од општеството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.