Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се сретна со професорката  и претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој откри дека и Иванов и Силјановска Давкова му предавале како студент на Правниот факултет на УКИМ.

Срдечна средба со претседателот Ѓорге Иванов во Валандово.
Претседателот Иванов и професорката Силјановска во студентските денови ми беа професори на Правниот факултет.
После изборите на 8 мај ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори, вели Николоски.

За средбата со поранешниот претседател и колега, Силјановска Давкова порача дека размената на искуства и мислења се доста значајни за престојниот период.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици.
Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои, порача Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.