Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека Бугарија сака да влезе во нормативниот дел на Уставот.
Тој додава дека таму ги нема ни Албанците.
Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот. Да поедноставам на јавноста Уставот има вовед кој што се вика Преамбула и после тоа почнуваат членовите од кои што се влече целата законска рамка во Македонија, и тој е наречен нормативен дел. Во нормативниот дел ги има само Македонците, дури Албанците како втора етничка заедница во Македонија не се наведени во нормативниот дел“, порача Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.