Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва побара од Владата веднаш да го објави модифицираниот француски предлог на интернет страницата на Владата. Според сознанија на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, модификацијата се состои во игра на зборови, односно преработениот предлог има имал само семантички промени, а сите бугарски барања се дел и од овој нов предлог.

Нема да пишува „протокол“, туку „разгледување на годишен извештај за спроведување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија“, а протоколот произлегува од членот 12 од Договорот. 

Ако е толку добар овој предлог, тогаш Владата веднаш да го објави на нејзината веб-страница. Зошто го кријат? ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш, по ниту една цена, да прифати решение штетно за македонскиот народ и иднината. Можеме да споделиме дека врз основа на нашите информации се два модифицирани збора различни од претходниот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Нема никакви корекции. Бугарските барања се дел од овој модифициран предлог. Ова е дебакл, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.