Сè уште не сме повикани во Владата и немаме никаков предлог од нивна страна за кој би можеле да разговараме тука во синдикатот, вели во изјавата за Плусинфо, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, кој пред три дена го означи генералниот штрајк во училиштата и градинките.

Тој посочи дека е во комуникација со Министерството за култура, од каде, пак, наводно чекале пресметки од Министерството за финансии за можните покачувања на платите во училиштата и во градинките, како и дозвола од Владата на Република Македонија.

Навистина не знам кога ќе заврши нашиот штрајк. Како што во моментов стојат работите ќе штрајкуваме и утре. Дури и да не поканат вечер на преговори во Влада и под претпоставка дека ќе добиеме позитивен одговор на нашите барања, сепак, поради нашиот механизам на одлучување штрајкот би се откажал дури наредниот ден – додава Неделков.

Лидерот на СОНК предочува дека секој предлог од владата ќе биде презентиран пред членовите на синдикатот, а секоја синдикална организација, односно од секое училиште и секоја градинка во Македонија потоа ќе се чекаат и сумираат одговорите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.