Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива.

– Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Македонија и во регионот, истакнува за „Ди Пресе“ Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.