Утре Македонија ќе биде блокирана еден час како знак на протест поради францускиот предлог. На вечерашниот протест пред Собранието беше најавено дека утре ќе има промена во начинот на протестирање.

Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени повеќе блокади на 4 места низ земјата.

Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп.

Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.

Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, порачува организаторот „Учтиматум, не, благодарам!“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.