Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира на изборот на кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ за кои медиумите објавија дека се снаи, деца, роднини на политичари и судии.
Обвинителство и судовите не се стартап претпријатија во кои некој започнува бизнис па ајде да видиме како ќе испадне. Таму треба да бидат луѓе со неверојатно искуство, со морал, со кредибилиотет, веќе проверени и препечени и оние кои поминале сито и решето. Дај бре престанете да се измотавате со државата и со институциите, пишува на фејсбук професорката Најчевска.
Е најсериозно ќе пукнам веќе.
Ма сериозни сте или се правите блесави или не сметате нас за блесави, додава Најачевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.