Професорката по право Мирјана Најчевска побара кривична одговорност за министерот за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, зошто со изјавата: „Влада без принципот „победник со победник“ нема да има“, принцип кој токму ДУИ го наруши во 2017 година, тој врши насилство.

Во која држава постои ваков принцип? Во нашиот Устав? Во закон? Се формираат секакви влади. И мнозински и малцински. ДУИ не е претплатено на власт. ДУИ мафијата мора да биде тргната од власта. Без тоа нема мрдање од смрдениот ќенеф во кој не заглавија. За ваква изјава Османи треба кривично да одговара. За обид за насилно рушење на уставниот поредок на државата. Ова е директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот и законите. Насилниците мора да бидат отстранети од Собранието. За да почнеме да градиме демократска држава која се базира на правото, напиша Најчевска.

Ваквите закани на Османи дојдоа откако веќе станува извесна коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди која ја предводи албанската опозиција.

Османи веројатно заборавил или не сака да се сети како дојде до ова победникот на изборите, во случајов ВМРО-ДПМНЕ да го бира албанскиот коалициски партнер во владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.