На Запад ништо ново, коментира Антонијо Милошоски, актуелен пратеник на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи за Бундестагот кој ќе гласа Резолуција за поддршка на членството на Македонија во ЕУ.

Тој во изјава за МКД.мк го поздравува овој најавен потег, но потсетува на слична таква Резолуција и во 2004 година.

Милошоски во изјава за МКД вели дека и во 2004 година германскиот Бундестаг донесе Резолуција со која се бараше користење на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација со Германија.

Германскиот Биндестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за Резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.

Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи – рече Милошоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.