Министерството за образование и наука соопшти дека оваа и следната недела ќе испечатат и испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение. Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јазик.

Потсетуваме дека нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование. Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите, велат од МОН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.