Изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети од него да почне истрагата за целокупното делување на ДУИ, па да се се прошири на сите функционери, за поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини е само сигнал дека Ахмети не ни знае дека на исгтражителот не му е потребна согласност од Ахмети за да си ја врши својата работа.
„Кутриот не знае дека истражителот, за да отвори истрага, не чека јавен повик и согласност од некого (во овој случај од него), туку писмено ги кани за да ги сослуша“, напиша ексминистерот за финансии и аналитичар, Џевдет Хајредини.
Мирјана Најчевска, пак, ја коментира изјавата на Ахмети со забелешка дека истраги веќе се започнати. Таа предлага да се пуштат бомбите за ДУИ кои Заев ги крие.
Прво, веќе има отворено истраги кои се држат во фиока. Второ, може ако се тргнат сите криминалци кои наместо судии и јавни обвинители ги намести ДУИ. Трето, може ако се пуштат бомбите за ДУИ кои Заев ги прикри, рече Најчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.