Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервјуто за „Република“ истакна оти нема дилеми од каде треба да се почне во борбата против организираниот криминал и корупција.

Се почнува од врвот, сега имаме корупција од најниско до највисоко затоа што кога било кој службеник што работи на шалтер гледа дека премиерот е корумпиран, коалицискиот партнер е копумпиран си вели-кога овие можат милиони ја можам да земам 1000 денари за полесно да го протуркам месецот. На тој начин се создава корупцијата од најниско до највисоко ниво но ударот се прави на највисокото. На пример како што има кокаин на улиците немало никогаш но не проблем дилерот што го продава на улица туку тој што дозволил кокаинот да влезе на граница.Така што ако удрите на врвот тој долу ќе нема што да продава. Сметам дека Македонија има и добри закони и добро поставени институции. Не треба да трошиме време ниту на менување на закони, ниту на формирање на институции туку само тие да се стават во погон и да им се даде слобода да работат, да немаат политички притисок и верувајте за шест до девет месеци ќе се испорачаат резултати и Македонија ќе почне да се средува.

Тој ветува дека ќе биде испитан и кланот Ахмети.

Секако дека се ќе биде испитано.Во врвот на СДСМ и на ДУИ скоро и да нема политичар што не е корумпиран. Тие што не се корумирани не се во раководствата на партиите и ги отстрануваат затоа што не им одговараат на друштвото и на начинот на функционирање. А може и обратно: ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори освои 42 градоначалници, во услови кога целата власт ја има СДСМ и ДУИ, со целосна контрола над Обвинителство до денес нема ниту еден сомнеж а камоли истрага, обвинение или судски процес за било кој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.Нема затоа што луѓето работат чесно.На тој начин ние покажуваме дека може да се работи поинаку и чесно.Така што една добро организирана влада со чесни луѓе на клучните позиции може да ја исчисти корупцијата.За мене се клучни финансиските истраги.Доколку не се влезе во трагата на парите џабе некого ќе го казни а тие пари не се конфискуваат и не се вратат во буџетот .Основниот проблем со криминалот и корупцијата е дека Македонија страда и поради тоа народот се иселува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.