„Ве известуваме дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на идентитетот и дејствијата на сите лица инволвирани во инцидентите и по расчистување на случаите ќе бидат преземени сите потребни мерки, за што јавноста ќе биде навремено информирана.“

Оваа реченица е кусиот и празен одговор од МВР што го добивме на прашањето дали лицето на фотографијата е вработено во МВР и доколку е, на кој начин ќе биде санкционирано.

Очигледно е дека на Оливер Спасовски му треба уште време иако изминуваат речиси 24 часа за да ги открие насилниците во своите редови. Затоа, Република уште еднаш го замолува министерот да ни се јави, ќе му кажеме кој е С.Р., а сигурни сме дека тој и тоа како знае каде да го бара и каде да го најде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.