Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“, потврдија за новинската агенција МИА од МВР.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – наведуваат од МВР.
Неколку дена по ред одредени скопски училишта добиваат пораки на нивните електронски адреси со дојави за бомби. Во досега сите случаи, по теренска проверка, МВР потврдуваше дека дојавите се лажни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.