Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ.

Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ.

Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија, информираше Маја Морачанин, претседателка на ДОМ на својот фејсбук профил.

Според изборните резултати, Морачанин нема добитно место во идниот парламент каде што беше на 6-тото место на листата на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.