Наумче Мојсоски не управувал добро со буџетските средства иако е обврзан да го прави тоа и затоа ДКСК предлага негово разрешување. Директорката на ДКСК Билјана Ивановска во Топ тема потсети дека финансиското управување во Агенцијата за млади и спорт не е во ред и треба да се поправи било укажано уште лани, но досега Мојсоски не мрднал со прст.
Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенција за млади и спорт. Причините за ваквата одлука ги посочивме и се јасни. Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако за тоа има законски обврски. Уште минатата година му укажавме што треба и што фали за да се поправи. Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја да се направи нешто. Нема финаниски извештај, тој е само наративно напишан, и во ревизијата е утврдно дека не ги содржи потребните детали. Наликува на земав, потрошив и толку, вели Ивановска.
Таа додаде дека ревизиоскиот извештај треба да бидат репер за работењето на една институција.
Со директорот не е разговарано по одлуката за иницијатива за кривично гонење, директно на темата, она што тој го споедели во медимите, дека ние имаме нешто лично против него, не е воопшто точно. Минатата година му кажавме што треба да преземе, во законот стои дека секое одговорно лице треба да работи одговорно, објективно и совесно со буџетот, и укажавме како треба да се поправи, но тој не презема ништо. Ревизиоскиот извештај треба да биде репер за работењето на една институција. Тој треба да ги испита сите детали од работењето на една институција, и тој е репер за нечија работа, а нивниот извештај покажува многу недостатоци , рече Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.