Министертво за надворешни работи нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина.

Ваквото соопштение доаѓа по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 79 наши граѓани.

Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана – велат за МИА од МНР.

Властите во Москва објавија табела за странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои доаѓаат платеници во Украина е и Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Меѓу земјите од има платеници во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.