Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека вечерва до 19 часот нема активни пожари.

ЦУК информира дека пожарот во селата Вапила и Сирула, охридско, е локализиран во 14:50 часот, а изгаснати се уште три други пожари.

Изгаснати се пожарите во кумановското село Сопот, каде што беше запалена шума. Од 16:00 до 19:00 часот интервенирано е со едно возило и пет пожарникари. Пожарот од 10:25 часот што избувна кај бензиска пума Детоил во Куманово, каде гореше сува трева, е изгаснат во 11:10 часот со едно возило и четири пожарникари. Пожарот во кумановското село Шупли Камен, каде гореше сува трева, е изгаснат во 14:40 со едно возило и четири пожарникари – наведуваат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.