Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.

Се работи за 15 нашите државјани, сите на безбедно и во добра состојба. Нашите дипломати се во контакт и со претставниците на локалната самоуправа каде се информираат за локациите каде се наоѓаат нашите државјани.

Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата; надлежните  ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.