Министерството за надворешни работи ја демантира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека бугарска делегација не најавила присуство на чествувањето на Гоце Делчев.
Според бугарската дипломатија, Владата на Македонија добила порака дека на прославата на Гоце Делчев ќе присуствува бугарска делегација.
Испратени се и три вербални ноти. Министерството за надворешни работи ја демантира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека Владата на Македонија не добила порака дека утре на прославата на Гоце Делчев ќе присуствува бугарска делегација. Нашата амбасада во Скопје и официјално ги извести властите кај нашиот југозападен сосед дека официјална бугарска делегација на чело со вицепремиерот Иван Демерџиев утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев. Испратени се и три вербални ноти, прецизираат од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.