Добра вечер Куманово, Добра вечер за градот кој е носител на слободарскиот дух и пркосен паметник на сите наши борби и страдања низ историјата,Куманово градот на традиција, многу легенди, градот на соживотот и разбирањето,но и Куманово на многу нерешени проблеми, град кој за жал е заборавен од централната власт, град на народ кој страда поради неспособноста да се води политика на решенија и на создавање на иднина, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Голем град со многу проблеми, град со многу функционери во владата, но за жал нула инвестиции за народот.
Колку власта подобро живее за себе, толку за народот е полошо!
Колку тие од власта се побогати, толку народот е посиромашен!
Куманово како и сите други македонски градови 32 години ја чека својата пролет, својот нов почеток на живеењето на сонот кој го сонуваме заедно и исто толку години е разочаруван. Денес народот нема повеќе време за чекање.
Многумина се иселуваат, а тие што се тука ја губат вербата во државата. Имаме нови генерации кои се израснати во проблеми, откажувања, препукувања и лош живот, живот на континуирани поделби и омраза.
Куманово го фрлија на маргините.
Паметите ли некоја инвестиција, некоја добра вест за Куманово, некоја нова фабрика, поврзување или проект за градот! За жал такво нешто нема.
Фокусот на оваа тесна клика која владее е во криминалот, разграбувањето и личните интереси.
Во саботата владата беше во Пелагонија за да го означи почетокот на изведба на дел од делницата Прилеп-Битола, како и дел од Коридорот 10-д.
Дојдоа, се сликаа, направија големи бини. Омилената агенција за настани на ДУИ постави платформа за славење, завршија, си се собраа, ги товарија багерите и заминаа. Патот денес не се работи. Одете слободно проверете, а приватната компанија ги чека парите кои владата и ги вети, без мака, без работа, над внимавајте добро 300-тини милиони евра само за аванси и пенали без удрена лопата.
Ете тоа е кражбата која цела клика на власт ја турка пред наши очи. Цела година зборуваат за овој проект, а лопата не удрија, а оние пак внимавајте добро ова е многу интересно оние пак рекреативците во скопски Чаир за една вечер направија паркинг од дворот на болницата, и тоа без европско знаменце. И ова колку и да е смешно говори само за беззаконието кое владее во Македонија и колку Владата на Демократска унија за интеграција поддржана од СДСМ ни е неспособна.
За да полесно им поминат во Собрание законите за овој проект кој што претходно зборував закачија и европско знаменце, а оправдувањата за ова им се детско наивни. Неиздржани.
Премиерот, драги пријатели, браќа и сестри, вели дека граделе во Европа, затоа биле законите со европско знаменце. Демек ако е од Европа е гаранцијата дека за Европската Унија се работи, а не сака да види дека во Европа е и оваа мафијашка клика која живее од трудот на народот и го разграбува.
Се гради во Европа драги пријатели, ама и крадат во Европа.
На Европско тло и Ден Дончев помалку го заборавивме земаше туце пари и еве го сега во Австралија го пуштија само за да не одговара, на европско тло се случи и рекетот на Катица, па освен нејзе што ја пуштија низ вода никој друг до овој момент не одговараше. Да не зборам за Рашкоски, за изгорената модуларна болница, за броилото на премиерот кое нон стоп врти и ова ли се европските вредности за кои ќе кажете дека се важни за интеграцијата на Македонија?
Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден внимавајте добро, овој историски проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа се во паника.
Уплашени се, колку и премиерот да ни држи лекции за неговото разбирање на сленгот за зборот храброст, кој го кажува на вулгарен и недостоинствен начин.
Тоа што се удира во гради не го прави храбар и сето ова доаѓа од човек:
кој бега од служење во македонската армија, човек кој бега од избори и соочување со народот, човек кој се плаши да ја поднесе потпишаната сопствена оставка, и постојано се предомислува, човек кој бега од соочување на јавна дебата за делови од коридорите 8 и 10 Д. Тој не е храбар, тој може само да едно, а тоа е кукавица.
Бегството и кукавичлукот знај дека нема да те спаси од одговорност.
Ќе ве поразиме, а потоа ќе одговарате.
Тука од Куманово ви порачувам, ВМРО-ДПМНЕ силно ќе ве порази на следните парламентарни и претседателски избори и потоа ќе одговарате!
Победата е на прагот. Ќе ве победиме и ќе одговарате за секоја неправда направена врз овој народ.
За она криминално владеење на главната корпорација во Македонија Демократска унија за интеграција и нејзиниот подизведувач СДСМ. За сeкоја уништена шанса, тендер во 4 очи, за тоа што се однесувате како газди над туѓите животи.
Мора да има одговорност, катарза на општеството, прочистување на нечесните од чесните. Ново преструктуирање на решителна борба против криминалот, затоа што не смеат тие да бидат посилни од Македонија, нема да бидеме да бидат посилни од народот.
Драги браќа и сестри, драги пријатели,
Она што исто така преставува тема подолг период се уставните измени. И во тој поглед сакам да предупредам на една друга опасност, на едно ново хазардерство и предавство кое си се турка на мала врата, така странично, но можеби внимавајте добро подеднакво опасно, па би рекол и поубиствено за Македонија во поглед на нејзиното постоење како унитарна држава.
Значи не е само бугарскиот диктат за Уставот, без било какви гаранции за Македонија кој го турка владата, туку отворање на пандорината кутија на тој план, како што е играњето на играчки со словото на Уставот и редифинирање на карактерот на Македонија преку нарушување на нејзината унитарност.
Низ коуларите, а и во дел од медиумите и јас ги слушам идеите кои ги зборуваат оние партиски експерти кои им ги составуваат уставните измени, па се говори дека се предлагало да се смени Преамбулата така што ќе постоеле два народа, неколку заедници, а потоа и малцинства и тоа да прерасне во Уставно слово, притоа целосно нишајќи ги темелите на Македонија и разработувајќи го концептот на бинационална федерална држава.
Се надевам дека ќе остане само на нереализирана мантра затоа што во спротивно доколку тоа се преточи во текст ќе прават неповратна штета за Македонија. Апелирам да се престане со оваа самоубиствана рулет игра на партиите на власт затоа што не смеат да си играат играчки со Македонија и пишување на Уставот.
Ќе испратам единствена порака до Димитар Ковачевски дека за уште неколку месеци власт, внимавајте за уште неколку месеци власт и зачувана фотелја не вреди предавство на столетието на македонските и национални интереси.
Не вреди за уште неколку месеци власт што ги тргуваш со партијата ДУИ која те уценува, да направиш предавство на својот народ и Македонија. Неколку месеци власт не е ништо во споредба со вековен срам за твоето име, твојот пород и голема мака за нашите национални и државни интереси. Неколку месеци ќе те одведат тебе и тие што те поддржуваат во пеколот, после поразот на парламентарните избори.
И во поглед на задоволувањето на бугарските диктати, мене ми е јасно дека откако видоа дека заглавија со процесот единствениот излез и шанса го наоѓаат во коленичење пред светот и обвинување кон опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија во Македонија, во ред лаги ред молби за притисоци.
Оди по светот и наместо да бара инвестиции, економска помош за државата, да ги промовира нашите државни интереси, како губитник, како кукавица ја кодоши и лажно обвинува опозицијата.
Го губи достоинството, затоа што си превзема обврска која дома не може да ја исполни. Во тоа кодошење нема мака и да ги злоупотребува стратешките партнери на Македонија. На нивните изјави им додава контексти, зборови, а тука дома на состаноци и брифинзи измислува дека само што не собрал двотретинско мнозинство.
Истата лажна приказна што ја врти со месеци. Тука сакам да подвлечам неколку работи.
Прво мнозинство за уставни измени немал, нема и ќе нема. А тие нема да се случат, не затоа нема да најде пратеници во коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, туку и неговите сопствени пратеници не се сигурни дека ќе гласаат за промена на Уставот во овој мандат.
Второ, кодошењето на опозицијата надвор од Македонија прави штета врз угледот на Македонија и нема да ги помести работите кон подобро. Така само го губи сопственото достоинство и ја покажува несериозноста на Вадата пред целиот свет.
Трето, ако е толку убеден дека има мнозинство, еве јавно го повикувам уште утре да поднесе предлог за уставни измени до собранието и да види како ќе му помине предлогот. Еве да ја заврши оваа сапуница на „имал-немал“ мнозинство, да поднесе утре предлог и да ја види судбината на тој предлог. Но ако не помине веднаш да си даде оставка, веднаш да замине!
Затоа што со ова манипулирање, со ваквите предавства на државните интереси на грбот на народот мора да им дојде крајот. Да знаете кога гледам колку многу народот е незадоволен знам, убеден сум дека ќе им се случи народ. Ќе им се случи дебакл на следните претседателски и парламентарни избори.
Драги пријатели, браќа и сестри, најголемата мака на сите граѓани на Македонија без разлика на националноста припадност е тешкиот живот. Тоа е заедничката мака која не обединува сите. Баталете висока политика, народот нема леб да јаде, се коментарите од секој еден граѓанин кој надвор од владината пропаганда ги коментира состојбите од реалниот живот. Сето ова ние мораме да го смениме и затоа велиме дека ова е Македонија, ова е вистинската слика, реалниот живот. А, нашата борба е Македонија да биде за сите.
Не смееме да замижуваме пред реалноста која ги мачи сите луѓе во оваа земја, без разлика дали некој е ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците, дали некој е неутрален или определен. Ова се проблемите на денешното време,
Половина милион наши сограѓани живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, а повеќе од 33.000 лица живеат во екстремна сиромаштија. Статистиката покажува дека секое трето дете доживеало прехранбена сиромаштија во 2022 година. Цените на храната во просек пораснале за 22%, додека цените на некои прехранбени производи се зголемиле за дури 36%. Инфлацијата е висока. Платите на работниците се недоволни и губат вредност пред налетот на општиот ценовен шок. Околу 110.000 вработени во јавниот сектор земаат плата која е скоро колку минималната во државата, а токму ниските плати се главна причина поради која работниците заминуваат во странство.
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е само 0.6%. Економијата има параметри слични на Украина каде има разорна војна. Дојде време со сите премрежија кои ги имаат балканските држави како Босна и Херцеговина и Косоово да имаат поголем бруто домашен производ од нашиот, од македонскиот.
Само во текот на минатата 2022 година во сиромаштија донесени се 20.000 дополнителни лица, од кои 5.000 нови сиромашни деца. Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале над 50.000 денари. Колкумина од вас земал плата поголема од 50.000 денари?
Најновото истражување на Галуп покажува дека повеќе од 40 проценти од Македонците би се иселиле од државата. Тоа значи дека луѓето не ја гледаат иднината, не ја гледаат иднината тука во сопствената Македонија затоа што системот ги гуши и не им дава да напредуваат.
Македонија ја заврши 2022 година со 7,7 милијарди евра јавен долг, што е 57 проценти од бруто-домашниот производ. Тоа е историски најголем долг, но тоа не е се, за оваа година предвидено е дополнително да се задолжат 1,6 милијарди евра. За цели 6 години долгот е зголемен за нови 3 милијарди евра, со што ги задолжуваат и неродените деца.
Македонија има тешки порази, но најголемата загуба од се, верувајте е загубената иднина за младите. Секој упропастен млад живот е покосување на една цела генерација која утре треба да ја носи Македонија на свои плеќи. Државата за младите не ги обезбедува истите шанси кои ги обезбедуваат другите држави од западниот свет. Младиот човек во Македонија го губи мотивот да создава иднина овде.
Целиот мој живот како професор работам со младите и ви вилам дека не постои поголема загуба од залудно потрошениот талент.
Младиот човек во Европа, Германија, Шпанија, Франција се бори за нови научни достигнувања, за нови успеси во роботиката, претприемништвото и ИТ индустријата, младиот човек од Македонија се бори за пристоен оброк во студентски дом. Тоа е колективниот неуспех на нашето општество.
Младите спортисти не се охрабруваат за нови победи. Успех е ако се соберат донации за учество во некое регионално или европско натпреварување. А тој спортист и неговото семејство го вложиле целиот живот и инвестирале време, љубов и пари за успех. Успех за студентот од внатрешноста е да обезбеди место во студентскиот дом, успех е да се купи учебник кој мора да го има. Ете тоа се колективните неуспеси, тоа се неуспесите на нашето општество и сето ова мора да го промениме.
Главната дилема е каква шанса како држава даваме за младите. Каков е примерот кој го оставаме за генерациите кои следат. Ме мачи што одговорот на овие прашања е подеднакво поразителен за сите кои се занимаваме со политика и доаѓа времето кога мораме да кажеме доста е. Мора да ги менуваме работите и да се бориме за секој млад човек. Одговор на овие тешкотии дава заедничкиот патриотизам во кој веруваме.
Тој дава одговор на дилемите и на Дарко Живковски од Доброшане кој го слушнавме. Дарко даде најдобар опис, што очекувате од владата каде првите луѓе се од Куманово кои прво својата куќа не ја средиле… Куманово нема театар, кино, не дава шанса за младиот човек… Заедничкиот патриотизам треба да донесе шанса и мотив за секој еден човек. И ваквите состојби ќе ги исправиме по победата на изборите. Младите ќе се најважниот фокус, не само преку проекти туку и преку политики кои ги имаме. Мораме да ја обезбедиме нивната иднина преку слушање на нивниот глас за нивните потреби.
Мораме да обезбедиме раст на БДП од минимум 4 % секоја година, невработеност под 10 осто, повисоки плати за 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на реиндустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. Македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот.
За младите кои ќе се вработат мора да има пониски даноци, тие да студираат на барем еден македонски универзитет кој што ќе биде во првите 1.000 според Шангајската листа. Студентскиот стандард ќе биде сериозно зголемен, и ќе бидат обезбедени серија на мерки кои значат повеќе можности за секој еден од нив. Мора да си ги вратиме децата, младите овде дома, во Македонија.
Да ги наполниме испразнетите градови и села. За образовните работници, наставниците и професорите да извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието.
Да обезбедиме целосно реновирање и реконструкција на студентските домови, да одвоиме 4 милиони евра за претприемачка иницијатива на младите и одвојување на 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Тоа е околу 800-тини милиони денари годишно. 800—тини милиони денари. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот.
Ќе обезбедиме за 500-тини најдобро дипломирани студенти да им биде понудено работа во државните институции. Тоа мислам дека Сергеј веќе го најави. Младите да може да плаќаат и да работат преку Пеј пал во Македонија, регулација на трговијата со криптовалути. Да обезбедиме шанса и поддршка на младите да ги развиваат своите идеи во претприемништвото, повеќе пари за научни истражувања, поддршка на идеите за бизнис и наука.
Младите мора да бидат столбот на нашиот развој, темелот на нашата обнова. Им подаваме рака и се отвораме за секој млад човек кој сака да се приклучи во овие наши заложби. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за младите и Сергеј Попов како прв човек на Унијата на млади сили ја има силно мојата поддршка да ја штити идејата и целите во кои веруваме и заедно ќе успееме.
Драги пријатели,
Влегуваме во финалето на оваа наша битка за Македонија. Сосема е извесно, анкетите тоа го покажуваат, како и расположението меѓу народот е дека ВМРО-ДПМНЕ е новиот победник на изборите, но драги пријатели не е важна само победата туку таа мора да биде силна и убедлива, за да промените и развојот бидат поголеми. Всушност силината на победата овој пат ќе ја одреди силината на реформите во нашето општество.
Отворено ќе кажам дека од победата ќе зависи дали Демократската унија за интеграција ќе оди во опозиција. Тоа многу важно, затоа што е тоа силно криминализирана политичка партија која што има една задача, а тоа е да ја уништува Македонија од внатре, од институциите. Тоа е задача на секој еден човек на Демократската унија за интеграција овие, да ги демотивира вработените, да нема работна дисциплина, единствено тендери во четири очи, дебели провизии, и ортаклук со компаниите кои работат во тие институции. Тоа е многу важно, затоа што иднината на Македонија и минатото ќе се бројат од тој ден, пред нив и после нив. Затоа ќе споменам три работи кои што се важни за сите нас, а посебно се важни овде во Куманово, за кумановци.
Прво, мора масовно да излеземе на изборите, тоа што го зборуваше Владо, мора масовно да излеземе на изборите. Зошто ова го зборувам? Не смееме да имаме изговор дека и без мене ВМРО-ДПМНЕ секако ќе победи, дека и без мојот глас се може, дека сите политичари се исти. Тоа е само изговор. И секој оној кој што тој изговор го има пред себе прави директна корист на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Мора да го повториме историскиот успех од локалните избори во 2021 година кога успеавме да победиме заедно со народот и коалицијата во повеќе од мнозинство општини во Македонија. Мора тој успех да го повториме, затоа ни е потребна масовност и излезеност.
Втора работа. На следните избори ќе имаме три опции. Секаде ова го зборувам, сакам и тука во Куманово да го повторам. Три опции. Првата опција е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, втората опција е коалицијата на ДУИ поддржана од ДУИ и помалиот партнер СДСМ и третата опција се политички партии кои ќе се појават со единствена цел да ги поделат антивладините гласови во Македонија и на тој начин да го намалат успехот на коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тие директно со лажен популизам и платен патриотизам имаат цел да ги раздвојат антивладините, антиДУИ и АнтиСДСМ гласови во Македонија да не отидат кај коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ве повикувам масовно да застанеме и да се обединиме околу единствениот столб, браникот на македонските национални интереси, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Да не ни биде потоа некој друг, самите да си ја скроиме судбината. Да не потоа си велиме зошто не го дадов својот глас направив грешка, затоа, на следните избори да не веруваме во убавите зборови кои некои поединци помали политички партии ќе ги кажуваат или платени патриоти кои имаат за цел да го разнебитат гласачот во Македонија само да не се обедини околу главниот столб ВМРО-ДПМНЕ.
Третата работа. Ни треба единство, ни треба обединување на секој еден човек, под чадорот на заедничкиот патриотизам, на секој еден граѓанин кој смета дека оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ намесува зло, прави штета на Македонија, прави штета на иднината на овие млади луѓе што денеска се тука пред мене. Затоа е потребно единство и обединување на Македонците, на Албанците, Србите, Бошњаците, Ромите, Турците, Власите, сите останати под заедничкиот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а потоа да ги засукаме ракавите и да обезбедиме 61 пратеник и да ја кренеме Македонија онаму каде што и е местото, каде што заслужува да биде, модерна современа држава.
Драги пријатели, браќа и сестри,
Македонија не е розовата слика во владините гласила и зборови, Македонија не се состои во владиниот раскош платен со државни пари, ниту во некој спот финансиран со парите на напатениот народ.
Ова е Македонија.
Македонија за сите!
Ова е Македонија на надеж, сон, копнеж и иднина.
Заедничка радост, заедничка среќа.
Македонија на заеднички победи, реформи. Македонија на големи чекори напред и големи промени. Македонија која дава сигурност, дава перспективна и шанса на секого. Македонија во која одлучувате вие. Македонија која ја победува апатијата, која ја менува грдата реалност. Која дава рака на секој еден кого системот го оттурнал и го ставил на страна.
Ова е Македонија на сите луѓе! Куманово за сите луѓе и да ја дочека својата пролет. Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите големи победи, при сите свои илиндени, славни епопеи и победи.
Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени настрана овие 30 години.
Нашата борба е вредности, идеал и кауза.
Нашата борба е да ја обновиме Македонија.
Промените да победат, за заедничка иднина!
Ова е незапирливата сила на народот.
Ова е Македонија! Македонија за сите!
Да живее Куманово, да живеат кумановци и вечна да е нашата Македонија, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.