Пратеничката Рашела Мизрахи во интервјуто за „Република“  детално објасни што се случувало на Клиниката за Онкологија. Таа го нарече апсолутен хаос она што досега го видела од работа на Анкетната комисија, посебно дописот од  2018-година  до Клинката од Министерството под назив НАРЕДБА од министерот Венко Филипче.

Во неа се наредувало на Клиниката да го отстапи основниот буџет и да потпише договор со Министерството за набавка на биолошка терапија.

Во Клиниката има раководители на сектори кои би требало да го сочинуваат стручниот колегиум кој одлучува за кој пациент која терапија и во која количина.Тој список се носи до директорот кој преговара со Министерството за здравство кое треба да даде согасност за набавка на тие медикаменти меѓутоа и ФЗОМ кој што треба да даде согласност од финансиски аспект.Без двете согласности Клиниката не може да направи набавка на медикаменти.Големото прашање е како директорот одлучил кои медикаменти и во кои колични и јачини доколку немало стручен колегиум.Има многу дописи до Министерство за здравство за набавка на биолошка терапија почнувајќи со седум медикаменти завршувајќи со 31 медикамент, секој список различен од претходниот, со различни медикаменти, различни количини и јачини.Симптоматично е што и бројот на пациенти кој што е листиран сериозно флуктуира во разлика од само 20 дена.Бројот на листирани пациенти на почетокот на мај месец е четири а на крајот 35. Ова е еден апсолутен хаос.Во август 2018 стига еден допис до Клинката од Министерството под назив НАРЕДБА од министерот Венко Филипче.Во неа се наредува на Клиниката да го отстапи основниот буџет и да потпише договор со Министерството за набавка на биолошка терапија.Во ред е министерството да прави групни набавки за да ја намали цената на скапата терапија.Не е во ред што во таа наредба има табела на медикаменти кои што се наредени да се набавуваат од Клиниката.Како еден министер би знаел со што треба да лечи одредена клиника.Дури и да беше онколог ќе беше дискутабилно а не неврохирург кој одлучува со што ќе терапира Онкологија.Тоа е многу симптоматично.Од секторот за јавни набавки беше повикана како сведок Тања Пехчевска на која и беше упатено ова прашање како се формулира листата за групна набавка и како одлучиле за тие медикаменти но таа не можеше да се сети како е подготвена тендерската постапка.Агрегирањето на долгот на Клинката настанува веднаш во првата година.До долгот на клиниката се дошло со непланско работење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.