Од сите небулози најјако е дека испадна како најточно дека војната се случила пошто ДУИ не била дел од приватизација, коментира Ивор Мицковски за интервјуто на лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ21 во кое тој потенцираше дека војната во 2001 во Македонија се случила бидејќи за време на приватизацијата во 90-те Албанците биле тргнати на страна при поделбата на заедничкото богатство кое беше изградено од тогашната социјалистичка држава.
И види има право чоекот, мирот со криминал и криминална партизација и приватизација се купува.
Откако 20 години се дел од секоја партизација, приватизација, тендер и рекет, мир цути во нашата државичка.
Така бе Али Баба, сите војни за пари се, фала што ни потврди, малце и за територија, некад и за власт, ама се на пари се сведуе, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.